Часовници, златен накит и девизи во вредност од околу 900.000 денари се украдени од стан во Мичурин

Според информациите од МВР, вчера во 17.50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје О.Б. (46) пријавил дека истиот ден во периодот од 07.40 до 17.50 часот непознат сторител извршил тешка кражба во неговиот стан на улица Венјамин Маџунковски.

„Сторителот со употреба на погоден клуч ја отворил влезната врата, влегол внатре и одзел лични документи, платежна картичка, машки и женски рачен часовник, девизи (евра, долари и турски лири во вредност од околу 150.000 денари), 40.000 денари, дозвола за пиштол и разновиден златен накит. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист во вредност од 900.000 денари“, соопшти МВР.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.