Чад и непријатна миризба низ Аеродром, Лисиче и Гази Баба

Падот на температурите го зголеми загадувањето на воздухот. Како и минатите, така и оваа години, во овој период почнуваме да ги констатираме екстремно високите концетрации на ПМ 10 честичките кои се резултата на горење.

Ниските температури изминативе неколку денови беа сосема доволни веднаш да се зголеми нивото на ПМ10 честичките. Во неколку скопски општини овие канцерогени честички се искачија и до 200 микрограми на метар кубен, што е четири пати над дозволената граница.

Иако се официјализираше стартот на грејната сезона, сепак дел од жителите на главниот град деновиве сведочеа на појавата од густи облаци, чад и непријатна миризба предизвикана од палење на гуми, шут и разен отпад – најмногу во населбите Аеродром, Лисиче и реонот на Гази Баба. Загадување речиси и да немаше во општините со погуст сообраќај како Центар и Карпош, што доволно зборува за фактот дека и оваа зима проблем ќе биде создавањето на диви депонии отколку издувните гасови на превозните средства.

Граѓаните децидни, борбата со ПМ10 честичките и оваа зима ќе биде макотрпна – и согласни дека одговорност мора да има и кај локалната власт и кај секој жител.

Кога мерките на властите не се доволни, единствено останува надежта за поволни временски услови. Не очекува северен бран кој уште повеќе ќе ги смали температурите и ќе донесе ветер, велат од УХМР.

Инспекторатот на Град Скопје изминативе денови откри неколку локации каде што се палеа гуми и пластичен отпад, што директно влијаеше на загадувањето, пред се, во околината на Вардариште