Целодневен јога хепенинг во Скопје

По повод Меѓународниот ден на јогата, Индиската Амбасада од Софија, во соработка со македонските јога друштва и школи, Ве покануваат на целодневен јога хепенинг, кој ќе се одржи во НЕДЕЛА, 19.06.2016 година. Настанот започнува во 09.30 часот со обраќање на Н.С.Амбасадорот на Бугарија и Македонија Раџеш Кумар Сачдева.

Во текот на целиот ден, секое јога друштво на свој начин, ќе ја доближи и претстави јогата од свој агол како здрав начин на живот, и тоа преку: теорија, јога вежби (асани), техники на дишење, медитација и релаксација.

Не ја пропуштајте оваа целодневна можност да бидете во контакт со себе и древните знаења за јогата. Дојдете, повикајте пријател и учествувајте на целодневен јога настан посветен на Меѓународниот ден на јогата!

ПРОГРАМА
09.30-10.00 – Обраќање на Н.С.Амбасадорот на Бугарија и Македонија Раџеш Кумар Сачдева.
10.00-10.45 – “Јога протокол” – Art of living Yoga, Магдалена Манева,
11.00-11.45 – “Art & music yoga for kids” – Happy Yoga, Соња Малиновска
12.00 -12.45 –Заеднички појадок за учесниците – Биокосмос
13.00- 13.45 –“ Здивот како извор на енергија”- Healthy Yoga, Билјана Пешева
14.00-14.45 –”Енергетско тело”- Јога Клуб Тара– Лидија Котевска
15.00-15.45- “Креирање на лична садана“,” – Центар за интегрална јога Дарма, Даница Ивановска Лепојевиќ и Љупка Ропевска
16.00-16.45 –“Релаксација” Yogalchemy – Николчо Петров
17.00-17.45- “Јогата и љубовта” – Јога центар Тафталиџе, Скопје, Кети Едровска и Билјана Павлова
18.00-18.45 –“Медитација” Владимир Ѓеоргиев, Jога забавиште “Владимир Ѓеоргиев.”
ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН!

Напомени за учесниците:
– Понесете со себе jога мат, вода и удобна облека
– Сесиите се интерактивни. Секој учесник може да учествува на било која сесија.
– ЗАДОЛЖИТЕЛНО пред вклучувањето на сесијата исклучете ги мобилните телефони!
– Бидете тивки доколку часот е започнат!
– Ве молиме да го почитувате времето во програмата.
– За сите учесници појадок и вода до 12 часот