Бубашваби во болничкото јадење на Градска општа болница 8ми Септември

Вчера на социјалната мрежа Х ( поранешен Твитер) беше објавена слика за какво болничко јадење се дава во Градска општа болница 8ми Септември. Од фотографијата што беше постирана може да се забележи покрај палентата, киселото млеко и парчето сирење буквално во јадењето се наоѓа и огромна бубашваба.

Се повеќе вакви фотографии се постираат на социјалните мрежи кои сведочат за нехигиена и катастрофалните услови во болничките установи низ Македонија. Минатата недела исто така на социјалната мрежа Х беше објавено видео од огромен стаорец на Клиниката за кардиологија.