Бројот на инциденти расте, градот нема решение за проблемот со кучињата скитници

„Скопје е убав, гостопримлив град, но сметаме дека е важно да се контролира проблемот со дивите кучиња во урбани области на начин кој е хуман за кучињата и кој обезбедува безбедност и за граѓаните и за посетителите на градот“ велат од најголемата светска финансова институција.

Ова не е прв случај, изминативе месеци речиси секојдневно беа евидентирани вакви инциденти во полицискиот билтен. Не само македонски граѓани и деца на плоштадот беа напаѓани и странски туристи. Медиумите пишуваа дека од бездомни кучиња настрадал и член од делегацијата на генералниот секретар на НАТО Столтенберг за време на неговата посета во Скопје.

 Жителка на Капиштец била нападната од десетина кучиња но за среќа завршила без повреди. Исплашена чекала половина час во својот автомобил барајќи помош некој да ги избрка.

Градоначалникот Шилегов тврди дека службите преземале се што е во нивна законска надлежност но не откри дали шинтерската служба интервенирала по последниот инцидент. Според него не постои друга можност освен да бидат обележани и вели дека за ваквата сосотјба во градот виновни се и неодоговрни сопственици на домашни миленици кои поради разни причини ги напуштале кучињата на улица.

До јуни се појавиле 700 нови кучиња скитници вели градоначалникот Шилегов кој рече дека во градот има од вкупно од 6 до 8000. Градскиот совет на следната седница ќе одлучува за ребаланс на буџетот со кој се предвидени дополнителни средства за опрема во центарот Вардариште за кое Шилегов вели конечно го легализирале. Тој информираше дека до март следната година ќе треба да бидат чиширани сите домашни миленичиња.