Британскиот премиер Борис Џонсон префрлен на интензивна нега

Британскиот премиер Борис Џонсон  вечерва бил префрлен на интезивна нега во болницата Сент Томас во Лондон.  

Попладнево, состојбата на премиерот се влошила и, по препораките на медицинскиот тим, тој е пренесен на одделот за интензивна нега, објави портпаролот.

Според професор Линда Болд, директор на институтот за јавно здравје на универзитетот во Единбург, ова е доказ дека вирусот ги напаѓа сите во нашето општество, па дури и оние кои се на најмоќните позиции и се  најпривилегирани. Во таа насока, мораме да ги почитуваме препораките на владата и да останеме дома.