Братучедите се луѓето во нашиот живот кои ни стануваат добри пријатели, а кои не ги бираме како останатите пријатели. Со нив, уште од детството се смееме многу, уживавме и го славиме животот.

Тие „мораат“ да нѐ сакаат

Нѐ зближуваат нашите родители кога сме мали, а потоа самите се смееме на истите шеги,  ги правиме заедничките глупости и ги чуваме своите тајни. Тие се повеќе од роднини за нас.

Создаваме заеднички спомени

Со нив сме од детството. Учиме, растеме, паѓаме, се лутиме и се караме. Нѐ има на заеднички смешни фотографии на кои се смееме целиот живот.

Тука се секогаш за нас

Често, повеќе би им се јавиле ним отколку на нашите најдобри пријатели. Знаеме дека не ни мислат лошо, дека би нѐ разбрале и би ни помогнале во секој момент. И, не само тоа – вешто би ја сочувале тајната, а потоа би нѐ заведале за неволјата во која сме западнале.

Со нив, озборувањето во семејството има поинакво значење

Заеднички се смееме на роднините кои не ги сакаме, на братучедите кои се различни од нас, на тетките со чудни фризури и си создаваме заеднички интерни шеги за сите роднини. Додека се што се случува за другите е драма, за нас тоа е комедија.

Тие се тука со нас во најважните денови од нашиот живот

Свадби, родендени, крштевки... тие мораат да се тука на секој важен настан, но и уживаат во тоа, поради тоа што така заеднички се креираат спомените и за нив се зборува доолгоо, долго.

Нѐ прифаќаат кога ни е најлошо

Без оглед дали сме раскинале, сме се напиле, или едноставно не сме расположени – тие се тука за нас. Тие не ги бираат само убавите денови или пак нашите најдобри верзии. Нѐ знаат и нѐ сакаат во секое издание.