Блокиран надвозникот кај Бит Пазар, хаос во сообраќајот!

Огромни колони автомобили се создадоа претпладнево кај на улицата Цветан Димов во Чаир, поради блокираниот надвозник кај Бит Пазар. Пренасочувањето на сообраќајот кај Бит-пазар, е по судирот на полицијата со поголема група граѓани.

Според неофицијалните и се уште непотврдени информации, најверојатно станува збор за дивите тезгаџии кои продаваат околу пазарот и кои полицијата сакала да ги отстрани утрово.

Наскоро очекуваме повеќе информации.