Билетите за „Ентер-фест“, дефинитивно, 990 денари за сите вечери

Денес, точно напладне, почна претпродажбата на билетите за петдневниот музички фестивал „Ентер-фест“, што ќе се одржи во Скопје од 29 мај до 2 јуни.

Како што беше објавено, цената за комплетот билети за сите фестивалски денови во претпродажба чини 990 денари. Билетите ќе може да се купат на продажните места на сите филијали на Халк банка и на http://mktickets.mk/.

На две големи сцени, поставени во и пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, ќе настапат шеесетина музичари, популарни бендови и диџеи. Организаторите засега открија дека ќе настапи и пејачката Ера Иштрефи, најпозната со хитот „Бон-бон“.

Фестивалот има цел на едно место да ги спои сите љубители на добрата музика од Македонија и од соседните земји. Освен што велат дека ќе има музика за сечиј вкус, организаторите додаваат и дека на посетителите ќе им понудат најевтино квалитетно пиво – 80 денари.