Бездомни кучиња искасаа двајца скопјани

Во текот на вчерашниот ден две лица пријавиле дека биле каснати од кучиња скитници во Скопје. Вчера попладне во Полициската станица Центар, Ш.И. (45) од Скопје пријавил дека на Кеј „13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник на левата потколеница.

Во истата полициска станица, В.С. (53) од Скопје вчера пријавил дека на ул. „Михаил Цоков“ бил каснат од куче скитник на двете нозе.