Без вода неколку улици од Центар

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека утре поради изведување на водоводен приклучок Ф 80 мм. на раскрсницата помеѓу улиците Елисие Поповски со Ѓорѓи Абаџиев, прекин во водоснабдувањето ќе има на неколку улици.

Без водоснабдување од 09:00 часот до завршување на приклучокот ќе останат дел од корисниците од улиците Елисие Поповски, Ѓорѓи Абаџиев, Антон Панов и Козара. (општина Центар)