Без вода дел од населбата 11 Октомври

Корисниците од населбата 11 Октомври од 12:00 часот имаат прекинато водоснабдување поради уличен дефект на цевка со пречник од 100 милиметри на улицата „Спиро Гулапчев“ 1.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, корисниците ќе бидат без вода се до завршување на санацијата на дефектот.