Без вода дел од Чаир

Прекин на водоснабдувањето денеска од 09:20 часот ќе имаат дел од корисниците на улица „Стојна Стевкова“ и улица „378“ во Чаир.

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека корисниците ќе бидат без вода поради дефект на огрлица ф-150 мм на улицата „Јајце“ 131.