Без вода дел од Центар

Центарот за управување со кризи информира дека поради дефект без вода ќе бидат жителите на две улици во Општина Центар.

По добиеното известување од „ЈП Водовод и Канализација“, ги информираме граѓаните за следното:

Поради отстранување уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од ф 80 мм на улицата Антонио Грубишиќ бр. 24, денеска од 8.30 часот до завршување на интервенцијата прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од улицата Антонио Грубишиќ и дел од улицата Чедомир Миндеровиќ, информираат од ЦУК.