Без струја делови на Ѓорче Петров, Аеродром и Бутел

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат делови на Ѓорче Петров, Аеродром и Бутел.

Од 8 до 13 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. Црногорска (општина Ѓорче Петров), од 8:30 до 12 часот, корисниците од дел од ул.1616 (Општина Аеродром), од 8:30 до 14 часот, корисниците од дел од село Кучково (општина Ѓорче Петров) и од 9 до 12 часот, корисниците од ул.Петар Манџуков бр. 75 и 77 (општина Бутел).