Без струја дел од Кисела Вода, вода ќе немаат повеќе скопски улици

Од ЕВН Македонија АД известија дека денеска  (четврток) без електрична енергија ќе останат:

- во периодот од 10.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Мишко Михајловски, улица бр 345 броевите 3 и 5. 

Oд ЈП Водовод и канализација известуваат дека поради промена на вентил на ул.Никола Тесла бр.16, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Никола Тесла и дел од улица Руџер Бошковиќ. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санирање на дефектот.  

Поради уличен дефект ф-150 мм на Даме Груев блок 4, прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците на дел од истата улица, односно блок 4, блок 5 и кулите бр.21, 23 и 25. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот. 

Поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на Алжирска 33, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Алжирска, Дрезденска, Каирска, Њуделхиска, Римска и дел од Атинска и Анкарска. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со активностите.