Беса засега нема да поднесе иницијатива за интерпелација на првиот вицепремиер во Владата Артан Груби.
Ова за новинската агенција МИА, го изјави пратеникот од БЕСА - Фадил Зендели, откако синоќа во јавноста се појавија вакви информации. Тој се сомнева дека власта има мнозинство во Парламентот велејќи дека вината за тоа владејачките партии ја префрлаат на опозицијата.
-Нема такво нешто во моментов, но не исклучувам дека во иднина како опозициска партија нема да поднесеме интерпелација за министри на ДУИ и власта генерално - изјави за МИА, Зендели.
Пратеникот на Беса смета дека она што се случува во ДУИ со „огнената група“ е внатрешна работа на партијата.
-Немаат мнозинство. Мислам дека власта на некој начин ја префрла вината на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и другите опозициски партии. ДУИ не меша и нас, но во суштина проблемот е во самото мнозинство кое во Собранието нема капацитет и нема бројки односно мнозинство да ги реализира своите политики - истакна Зендели.