Белгискиот „Ван Хол“ целокупното производство ќе го сели во Македонија

Белгискиот производител на автобуси Ван Хол целосно се подготвува производството да го префрли во Македонија. Ваквата информација за откри сопственикот на компанијата „Актива“ во Штип која соработува со белгиската компанија. Тој притоа додаде дека „Ван Хол“ веќе две години договара префрлање на прозводството.

„Ние за таа работа веќе се спремивме „Актива“ минатата година имаше дополнителни инвестиции во делот на машинскиот парк и веќе е зголемен товарот на произвоство и немаме од наша страна закаснување за нивните потреби, потребите за зголемување на прооизводството ќе бидат следени и како ќе бидат доставувани барањата од нивна страна ние ќе го следиме тоа. Веќе сме во фаза на изградба на уште еден производен погон од 8 илјади квадрати кој ќе биде исто така во функција на зголемување на капацитетите на нашите компании.Така да, ние во целост сме спремни за таа работа“, посочи Николов.

Во однос на девизниот прилив за „Актива“ од соработката со белгиската компанија за минатата година рече дека изнесува околу 15 милиони евра и дека следната година очекува доста поголем прилив.Додаде дека во моментот 200 луѓе работат за потребите на белгиската компанија и дека најверојатно ќе има зголемување на бројот.

„Ние сега веќе 200 луѓе кои работат за потребите на Ван Хол и најверојатно ќе имаме зголемување и на бројот на вработените, но пак ќе повторам ние доста сме машински опремени, а машинското производсттво е потребно за нивните потреби, исто така имаме оддел за роботско заварување каде до пред две години имавме само два роботи за заварување сега имаме 12 од кои веќе се две сериозни роботски линии каде што претежно таму ги инсталираме елементите потребни на „Ван Хол“, истакна тој.

Николов, исто така не ја исклучи можноста за автобусите од „Актива“ во иднина да превезуваат војници на НАТО