„Бегај бе таму, хеј сус“ - Џафери пречекан со герила акција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со герила акција во Собранието.

Истакнаа транспарент на кој пишуваше „Бегај бе таму, хеј сус“ алудирајќи на аудио снимката која се појави пред неколку дена, а на која се слуша гласот на спикерот на Собранието како ги навредува луѓето вработени во собраниските служби.

– Поминаа повеќе од десет дена, а Претседателот на Собранието Талат Џафери, не само што не се извини за неговото безобразно однесување спрема вработените во собраниската служба туку се однесува како ништо да не се случило. Крајно е недозволиво токму од човекот кој што прв го потпишал етичкиот кодекс за однесување во Собранието, најгрубо да го крши и да бега од одговорност и заедно со пратениците од власта да пробуваат на секаков можен начин да го скријат под тепих овој скандал. Џафери најмалку што можеше да направи е да се извини за ваквото однесување и да си поднесе оставка од функцијата Претседател на Собранието, порача Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ побара седница на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања на која ќе се расправа за прекршувањето на Етичкиот кодекс од Талат Џафери.