Бебе родено со 900 грама на ГАК сега си заминува дома со два килограма

Бебе родено со 900 грама пред два месеца на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје ја победи битката за живот и денес излегува од болницата.

Од ГАК објавија дека семејството Зендели си замина дома со најубавиот подарок.

„Принцот роден 900 грама си замина домче со цели 2080 грама по 66-дневна битка. Ордени животни за овие дечиња, за овие родители, за целиот персонал.
Принцу мал, и тебе ти посакуваме силно здравје, весели детски дни и остварени животни сни. ОИНТ, вие сте чудо… вие правите да веруваме во чуда, а овие бебиња тоа го потврдуваат!“, велат од ГАК.