Балетот „Оревокршачка“ викендов во МОБ

Македонската опера и балет викендов (денеска и утре од 12 часот) ќе ја изведе популарната балетска претстава „Оревокршачка“ од Петар Илич Чајковски.

Кореограф е Василиј Иванович Ваинонен од Русија, сценограф е неговиот сонародник Анатолиј Нежњи, а костимограф е Љупка Ристовска.

Во главната улога на „Оревокршачка“ ќе настапат првенките на МОБ – Мими Поп Алексова-Атанасовска денеска и Ивана Коцевска во утрешната изведба. Нивни партнер ќе биде Дојчин Дочев од Бугарија. Настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет.

– Се работи за детска бајка чиј автор Т.А.Хофман дејството го поврзал со празнувањето на Нова година. Врз основа на бајката, Мариус Петипа го напишал либретото, а музиката ја компонирал Петар Илич Чајковски. Се работи за едно од најпопуларните и најизведувани дела на сите светски сцени по повод новогодишните и божикните празници. Бидејќи е популарна и сакана од младата публика, нашите две претстави се закажани во матине термини, односно во 12 часот, информира МОБ. 

air max 90 essential sale