Аудиција за Градски детски хор

ДКЦ Карпош ги повикува сите заинтересирани ученици од училиштата во Град Скопје на втората и третата аудиција за првиот градски детски хор „Гласот на децата од Скопје“. 

Втората аудиција ќе се одржи утре (5 април, петок) од 14 до 17 часот, а третата аудиција ќе се одржи на 10 април (среда) од 14 до 17 часот во просториите на ДКЦ Карпош (поранешен Пионерски дом Карпош) .