Арсовска за мостот „Беласица“: Може да биде пуштен за пешаци и велосипедисти, но не сакаме да ризикуваме

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска истакна дека според прелиминарните резултати мостот Беласица може да биде пуштен за пешаци и велосипедисти, по една лента. Сепак, како што вели, не сакаат да ризикуваат.

-За 20 дена се очекува да заврши експертизата и тогаш ќе се знае подетално каква интервенција треба, рече денеска Арсовска.

На прашањето дали станува збор за саботажа на мостот, Арсовска посочи дека првичните информации кои ги добила од истражните органи укажувале дека пожарот е подметнат…

Очекува ургентност од надлежните институции што побргу да го разрешат случајот, а сторителите да се изнесат пред лицето на правдата, бидејќи ја загрозуваат јавната безбедност.

Мостот „Беласица“ не се користи од средината на минатиот месец.