Арсовска: Пожарникарите се хероите на нашиот град

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска одржа работен состанок со претседателот на Синдикатот на пожарникарите, Тони Бошковски и генералниот секретар на Независниот синдикат на пожарникарите на Македонија Боби Вељаноски.

На истиот било разговарано за унапредување на условите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, за обуки и опрема за пожарникарите кои се неопходни за зголемување на нивната подготвеност за интервенции, како и за бројни други мерки неопходни за подобра функционалност, информираа од Град Скопје. 

- Пожарникарите се хероите на нашиот град, кои секогаш будно следат и брзо делуваат во заштита на нашата безбедност и сигурност. Правата на припадниците на бригадата се унапредија минатата година со исполнување на барањето бодувањето од правилник за утврдување на коефициент на плата, да се трансформира во бодување во колективниот договор, со што се заштитија законските права на скопските пожарникари, порача Арсовска.