Арсовска нека каже каде може да се најде јавниот повик за украсување на главниот град

Иако веќе втора недела јавноста, медиумите па и советниците на секој начин се обидуваат да дојдат до одговори кој го украсува градот од таму молк. Веќе стана пракса градоначалничката Арсовска речиси ништо да не споделува со никого па и кога се работи за прашања кои се од јавен интерес.

По реакциите кои се појавија деновиве околу украсувањето, со реакција се јави и финансиската полиција која најави дека во текот на наредната недела ќе почне да истражува како и на кој начин градоначалничката Арсовска го украсува Скопје со оглед дека таа постојано повторува дека ова е едно од најевтините украсувања во историјата на градот.

Познавачите на работите велат дека главниот град не може тек така да се украси. За тоа е потребна процедура. Една од процедурите е да се објави тендер каде што сите компании кои се заинтересирани да се пријават и на тој начин да се избере најполната понуда. Другата опција е општествено одговорна компанија да се јави и да каже дека на нивен терет ќе биде целото тоа украсување но и тоа мора да помине низ советот на Градот се со цел да се прифати таа донација. И третата работа е преку јавен повик да се пријават компании кои се заинтересирани за украсување. Токму тука Арсовска во нејзината реакција до медиумите вели дека се пријавиле компаниите и тоа токму на јавен повик објавен од градот на низ еден транспаретен и отворен процес.

Но такво нешто нема. На официјалната страна на Град Скопје и тоа во делот на јавни повици нема ниту еден повик а кој се однесува или е во врска со украсувањето на главниот град. Оттука е нејасно каде според Арсовска се наоѓа тој јавен повик и каде јавноста може да го види. Со оглед дека од кабинетот на градоначалничката Арсовска не одговараат на ниту едно прашање, а воедно се многу брзи кога треба да се демантира нешто па затоа ќе почекаме во некој нивен демант или соопштение да и ги разјаснат на јавноста многубројните дилеми.