Арсовска не се појави на вонредната седница на Град Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска не се појави на вонредната седница на Советот на градот, која беше закажана по барање на СДСМ, а причина за тоа беше несобирањето на ѓубрето низ скопските улици во изминатите денови.

На вонредната седница не се појави Арсовска, ниту пак директорката на „Комунална хигиена“, Косана Мазнева, кои очигледно сметаат дека проблемот со ѓубрето во градот е решен, како што кажаа и пред неколку дена

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски кажа дека не добил известување од Арсовска дека таа нема да биде присутна на седницата.

 - Градоначалничке Арсовска, заминете си, дајте си оставка, ослободете го градот додека не сме доживеале уште поголема еколошка катастрофа, кажа советничката Љубица Јанчева.