Апсење за дрога низ цело Скопје: „Паднаа“ млади дилери

Во текот на вчерашниот ден полицијата апсеше за дрога на повеќе локации во главниот град. 

- На 27.03.2024 во 23.45 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Д.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. 

- На 27.03.2024 во 17.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(35) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. 

- На 27.03.2024 во 14.30 часот на подрачјето на Чаир во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода И.И.(21) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. 

- На 27.03.2024 во 21.30 часот на подрачјето на Драчево во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.П.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.