Апсење на скопскиот Аеродром

Вчера  во 11 часот и 20 минути на излез на Граничен премин Аеродром Скопје, при контрола било утврдено грчката личната карта на 25- годишниот Г.Р од Република Албанија, со која се пријавил да патува, била фалсификувана, соопшти МВР.

При преглед кај лицето била пронајдена и албанска лична карта со негова слика и податоци Ј.Г. (25).

Тој бил приведен во полициската станица и подоцна бил предаден на инспектори од Регионалниот центар за гранични работи Север  за понатамошна постапка.