Андоновски: Дали ФЗО манипулира со случајот на Леонид Индов?

Откако Фондот за здравство го одби семејството на младиот Леонид Индов кој со медицински хеликоптер беше префрлен во Виена да го продолжи лекувањето јавноста во Македонија не го криеше гневот поради ваквата одлука. Еден од првите кои го објавија овој случај беше и заменик-народниот правобранител Јован Андовноски.

Во неговиот најнов пост на социјалната мрежа Фејсубк прашува дали ФЗО манипулира во случајот со Лео. Тој притоа го цитираше извештајот на лекарскиот конзилиум кој вели дека лицето треба да се упати на лекување во странство.

- “Во мислењето на лекарскиот конзилиум е наведено: да се овозможи болничко лекување (не рехабилитација), лицето се упатува на лекување во странство."Во нашата установа, поради недостаток на искуство за третман на оваа состојба и недостаток на технички можности ова лекување не може да се овозможи" Како тоа ФЗО тврди дека лекувањето може да се спроведе во државата? Во која установа? Одговорите на овие прашања ФЗО ги должи не само на Леонид и неговото семејство, туку и на целокупната јавност, пишува Андоновски.