Анатомски ранец и прибор за секое прваче во Кисела Вода

Околу 650 дечиња од осум основни училиште во Кисела Вода, кои за првпат ќе седнат во училишните клупи, ќе добијат квалитетно анатомско ранче, тетратки и неопходен училишен прибор.

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски вели дека е среќен што може да им помогне на семејствата со овој проект.

- Со овој проект кој лани за првпат го започна Кисела Вода и искрено се радувам што се прошири речиси низ целата територија на Македонија, имаме за цел да им овозможиме финансиско олеснување на сите семејства кои и оваа година за своето прваче треба да издвојат огромна сума на пари и тоа во ек на енормни поскапувања, вели Ѓорѓиевски.