Албанка дала на увид пасош на кој му биле скинати страници

Вчера во 08:55 часот на Граничниот премин Блато со Албанија при извршена гранична контрола на Х.А.(31) од Република Албанија било констатирано дека пасошот кој го дала на увид и недостасуваат неколку страници.

Поради постоење сомнеж дека е сторено кривично дело “фалсификување исправа“ таа веднаш била предадена на полициски службеници каде против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.