Ако решам да си ја отворам душата пред тебе, тоа значи дека ти верувам

Ако решам да ја отворам душата пред тебе и ако искрено ги искажам моите чувства и ги споделам моите проблеми со тебе, свесна сум дека во тоа постои нишка која може да ме одведе на друга страна. 

Личноста на која сум ѝ се отворила може да ја искористи мојата ранливост и несигурност. Не, немој да чувствуваш притисок ако ти се доверам и зборувам за она што го чувствувам. Тоа само значи дека ти верувам и очекувам да бидеш тука за мене. Тоа значи дека чувствувам дека пред тебе можам да ја соголам душата, да ги споделам своите мисли и чувства и да бидам она што сум. Како луѓе, ние сме социјални суштества. Секогаш ќе копнееме по внимание, љубов и поддршка од луѓето кои не’ опкружуваат. Секогаш ќе копнееме по чувството на припадност. Нам ни се потребни тие најблиски луѓе за да не’ утешат и да ни подадат рака додека проаѓаме низ тешки времиња.

Ни треба охрабрување и мотивација за направиме чекор напред, кога не сакаме ни да мрднеме од место. И затоа ги споделувам тие работи со тебе. Страшно е кога се отвораме пред друга личност. Никогаш не знаеме како ќе реагира и што ќе каже. Затоа сфати ме сериозно кога си ја отворам душата пред тебе. Тоа значи дека ти дозволувам да ја видиш мојата душа. Тоа значи дека се чувствувам сигурно со тебе и дека можам да бидам она што сум. Затоа, не ја изневерувај мојата доверба, немој да правиш да се чувствувам дека сум згрешила кога сум одлучила да ти се доверам. 

Низ животот среќаваме луѓе кои ја немаат емоционалната ширина за да можат целосно да се отворат, тие не го поседуваат капацитетот и не сакаат со вас да ги споделуваат најдлабоките мисли. Ги среќаваме и оние кои не можат да се отворат, но ќе успеат во тоа со наша помош, само треба да им подадеме рака и да ги извлечеме од удобната зона и безбедните мрежи кои долго ги плетеле околу себе.  Знај дека сум целосно свесна кога ја напуштам мојата удобна зона и ги споделувам моите мисли со тебе. 

Секојпат кога ќе ти кажам како се чувствувам јас го ставам моето срце на дланка. Затоа, те молам нека не те оптоварува тоа што споделувам детали со тебе. Не прави да се чувствувам дека сум згрешила, не го користи тоа против мене, затоа што јас ти верувам. Треба да се гордееш што имаш некој сака да сподели нешто со тебе. Тоа само значи дека ти верувам и дека ти го давам моето срце и сите мои чувства сум ги ставила во твои раце.