Акција „Донеси стар уред и земи ваучер за попуст!“ во општина Центар

Општина Центар веќе две години  ја организира есенската акција во рамки на проектот „Донеси стар уред и земи ваучер со попуст за нов!“. 

Со акцијата се овозможува собирање на отпадната електрична и електронска опрема директно од домовите на граѓаните преку ефикасен и економски одржлив систем за собирање, селектирање, рециклирање, преработка и отстранување на отпадна електрична и електронска опрема од целата територија на општината.

Граѓаните можат да се пријавуваат во урбаните заедници, каде на координаторите ќе им ги остават своите контакт податоци како и видот и количината на отпадот што го поседуваат. Согласно евидентниот лист од секоја урбана заедница, колективниот постапувач „Нула отпад“ од Скопје ќе спроведе бесплатно подигнување на отпадот. 

- За сите граѓани обезбедени се ваучери од „Техномаркет“ во вредност од 100 и 400 денари, согласно ценовникот и листата на уреди. Граѓаните можат да се пријавуваат на телефонските броеви, во три урбани заедници или во организацијата „Нула отпад“ на еко линијата – 070 236 000, соопшти општина Центар. 

За граѓаните од урбаните заедници „Дане Крапчев“, „Наум Наумовски-Борче“, „Васил Антевски-Дрен“ и „Миле Арсовски“: тел. 076/496-327 од 8 до 16 часот.

За граѓаните од урбаните заедници „Мирче Мацан“, „Славе Георгиевски-Шнајдер“, „Раде Јовчевски-Корчагин“ и „Крњево“: тел. 076/496-329 од 8 до 16 часот.

За граѓаните од урбаните заедници „Роберт Гајдиќ“, „Боте Ботевски“, „Благоја Деспотовски-Шовељ“, „Мирче Ацев“, „Невена Георгиева -Дуња“, „Мито Хаџивасилев - Јасмин“, „Кочо Рацин“ и „Боро Петрушевски - Папучар“: тел. 076/496-325 од 8 до 16 часот

- Сите граѓани што доброволно ќе се откажат од својот ваучер, сумата ќе биде донирана на социјално загрозено семејство, во вид на потребен уред за Нова година, се вели во соопштението од општина Центар. 

Проектот се спроведува во партнерство со колективниот постапувач - организацијата „Нула отпад“ од Скопје, што е задолжена за собирање и комплетен третман на отпадот.

cheap nike free run 5.0