8-ми Април, меѓународниот ден на Ромите е неработен за ромската етничка заедница во земјава

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 8 април 2023 година (сабота), Меѓународниот ден на Ромите е неработен ден за припадниците на ромската заедница во Република Северна Македонија.

„Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на припадниците на ромската заедница во Република Северна Македонија им го честита Меѓународниот ден на Ромите“, велат од МТСП.