61-годишен пациент почина, 14 новозаразени од корона вирусот

Едне пациент почина, а 14 новозаболени лица од корона вирусот регистрирани се во изминатово деноноќие. Ова го соопшти пред малку Министерството за здравство.

-Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово на возраст од 61 година, хоспитализиран на 28 април, стои во соопштението.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 20 оздравени пациенти – од Скопје 1, Куманово 9, Прилеп 2, Велес 7 и Битола 1.

-Во изминатите 24 часа направени се 242 тестирања, а потврдени се 14 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-5, Прилеп-2, Тетово-1 и Велес-6. Досега во земјата се направени вкупно 18410 тестирања на ковид-19, се наведува во инфоермацијата.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 1586, бројката на оздравени пациенти е 1099, на починати е 90, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397.