Jalāl ad-Dīn Muhammad Balkhī, познатиот исламски поет и теолог, познат како Руми ни носи 10 лекции за подобар живот. Неговата уникатна  перпектива од 13-тиот век ни носи совети кои и денес можат да се применат.

Немојте да мислите дека сте мали

Родени сте со потенцијал. Родени сте со добрина и доверба, со идеали кои можат да го променат светот. Родени сте со крилја, затоа не треба да лазите, туку да летате низ животот. Научете да ги користите своите крилја.

Никогаш не се откажувајте

Кога минувате низ тежок период, кога сите нешта изгледаат како да се против вас, не се откажувајте. Бидејќи тоа е тешко време кое носи многу лекции, но и кое носи промени. Танцувајте, сред борба. Танцувајте и кога сте слободни, но и кога не сте. Танцувајте и тогаш кога се борите.

Кога ќе се тргнете од тоа што сте, можете да станете тоа што сакате да бидете

Тропнете и вратата ќе ви биде отворена, побарајте и ќе ви биде дадена. Ако сакате да бидете некоја личност, станете таква. Бидете силни како оган.

Секогаш има нешто што можете да го направите подобро од другите луѓе

Имате талент во себе и секогаш постои нешто што можете да го направите подобро од некоја друга личност. Најдете го тоа во себе.

Не морате да ги изодите сите скали, само почнете го првиот чекор

Само преземете го првиот чекор, а потоа успехот ќе доаѓа полека. Како што ќе се движите натаму, ќе добивате сила за следната скала, и таа после неа...

Кога ќе се посветите на нешто, направете го со цело срце

Или не го правете воопшто. Не ги правете работите половично. Дајте се од себе.