56-годишна жена ограбила обложувалница во Ростуше

Вчера во 19.50 часот на локален пат за село Ростуше, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода В.Т.(56) од с.Ростуше. Таа се сомничи дека околу 19.30 часот од спортска обложувалница во село Ростуше одзела пари од дневниот промет. Парите биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица, информираа од полицијата. 

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.