50-годишен гостиварец платил 1.600 евра за да добие возачка, без да полага испит

Педесет и едногодишен жител на гостиварско село во полицијата пријавил дека бил измамен кога во два наврата дал 1.600 евра за да добие возачка дозвола, без притоа да го полага возачкиот испит.

Тој рекол дека се договорил со лице да му ја обезбеди дозволата, но тоа не се случило, па останал и без пари и без водачка.

Се расчистува и документира случајот.