50 евра казна доколу не го соберете изметот од вашиот миленик на јавно место

Прошетките се составен дел од животот на еден миленик и неговиот сопственик е потребно најмалку еднаш во текот на денот да го прошета своето куче, со цел да ги обави своите физиолошки потреби.

За време на секоја прошетка сопствениците на кучиња се должни да чистат по своите миленици и секогаш кога ги носат на отворено, со себе да носат специјални ќесички за кучешки измет или обични најлонски ќесички, а потоа изметот да го фрлат во соодветно поставените канти, велат од ЈП Лајка. 

Иако има голем број одговорни сопственици, за жал кај нас сè уште свеста за овој проблем е на многу ниско ниво, бидејќи постојат многу сопственици што не се грижат доволно за своите миленици и не сакаат да го подигнат нивниот измет, па се почесто се случува на јавните површини, како градските паркови, зелени површини, улици и тротоари да се забележи кучешкиот измет.

Потестуваат дека, според член 19 од Законот за јавна чистота, освен на местата определени за фрлање смет, се забранува оставање измет од домашни миленичи на отворените простори на јавните објекти, со што сопствениците на кучињата се должни во кесичка да ги собираат фекалиите на милениците, во спротивно е предвидена казна за сопственикот од 50 евра.

И покрај ваквата казна, проблемот со кучешкиот измет сè уште постои, па со цел подигнување на свеста кај неодговорните граѓани, ЈП Лајка повторно отпочнува своја кампања на оваа тема.

Апелираме до сите сопственици на миленици, да го собираат секогаш изметот од своите кучиња после секоја прошетка и да ја одржуваат чиста животната средина, велат од Лајка.