5 знаци кои покажуваат дека сте премногу фини и треба да го промените тоа

Според психолозите некои луѓе се премногу фини и треба да го променат тоа, за свое добро.

Грижата за другите луѓе е важна и е клучна за поврзување и градење значајни односи во нашиот живот. Сепак, балансот е особено важен за да можеме да го одржиме  нашето ментално здравје во добра форма и да не се занемариме себеси во целиот процес.

Личноста која е позната како социотроп е некој кој ги цени односите со другите луѓе повеќе од личната независност. Често, овие луѓе се трудат да ги избегнат конфликтите и решението го наоѓаат во постојаното задоволување на другите, но на долг рок тоа негативно влијае на нивната благосостојба.

Психотерапевтската Амбер Елизабет Смит ги посочува знаците кои покажуваат дека ова е проблем на кој треба да поработиме, но прво да го препознаеме кај себеси.

Оставате што и да правите за да помогнете на друга личност, дури и тоа да е нешто многу важно за вас

Ова е најчестата ситуација кога една личност ги става приоритетите на друга личност или повеќе личности пред своите. Тоа не е секогаш лошо, но ако се случува постојано, може да настане едностран однос, каде е потребно поставување на јасни граници. 

Фини сте бидејќи сметате дека другите го очекуваат тоа од вас

Секој од нас се труди да биде добра личност, но не по цена постојано да се соочуваме со стравот дека другите ќе помислат нешто погрешно или лошо за нас, ако понекогаш не сме толку добро. Ваквото размислување може да биде многу лошо за менталното здравје, па затоа ако се забележувате себеси дека развивате ваков начин на размислување, потребно е да поработите на тоа и да престанете да се чувствувате виновно.

Постојано се чувствувате дека сте одговорни за туѓите чувства

Доколку постојано се наоѓате во ситуација да бидете медијатор особено во рамки на вашето семејство, во вашето друштво или пак кон вашата сакана личност, тоа може да е сериозен знак дека сте личност која треба да помисли да се стави себеси на прво место и да помисли на своето ментално здравје и благосостојба.

Простувате лесно бидејќи ви е страв да ги изгубите другите

Дури и кога некој ќе ве навреди или повреди, вие простувате бидејќи не сакате да се соочувате со лошото чувство дека можеби сте напуштени или сте згрешиле некому. Сепак, треба да знаете дека ваквото постојано однесување може да предизвика многу голема штета на вашата личност и самодоверба. Секој е одговорен за своите постапки и ако некоја блиска личност згреши и тоа го прави во повеќе наврати, проблемот не е во вас. 

Велите дека е во ред, иако знаете дека тоа не е така

Во многу ситуации, ќе кажете да, океј или во ред е, но длабоко во себе не го чувствувате тоа. Тоа иницијално можеби ви изгледа како решавање на проблемот, но создава голем притисок кон вас самите бидејќи точно знаете дека не е во ред таквото однесување. Ова не е лесно да се надмине, но важно е да знаете дека потребно е да се постојат јасни граници во кои точно ќе знаете која е вашата улога и придонес кон целата ситуација.