5 невидливи рани кои жените кои биле запоставувани ги пренесуваат во идните врски

Луѓето со кои го поминуваме нашето време дефинитивно нѐ обликуваат. И нема бегање од тоа. И нашите партнери дефинитивно влијаат врз нас. Жените кои поминале многу време во врски во кои биле игнорирани и запоставувани, со себе носат емоционални рани кои влијаат и врз идните врски. Тоа не се рани кои се гледаат со голо око, туку нешто што тие го носат длабоко во себе.

Поради нездравите, отровни врски, некои жени имаат сосема извртена слика за себеси. А кога жената конечно ќе најде сила во себеси за да излезе од таа врска, таа излегува како целосно променета.

Ужасните зборови кои постојано ги слушала цело време ѝ се вртат во глава.

Нагонот за контролирање на нејзиниот партнер ѝ остава горчина и страв да биде слободна.

Извртената слика за себеси дека не е доволно убава ја прогонува до степен да не може да не се погледне во огледало без да помисли дека е „пропалица.“

И тоа е само на површината. Ефектите од запоставувањето и отровната врска е навистина ужасни и колку подолго е таа изложена на тоа, толку потешко ѝ е да застане на нозе. Емоционалното запоставување ги остава овие 5 емоционални рани, кои остануваат долго време во нејзината душа.

Таа развива проблеми со поврзување и има страв од отфрлање и одбивање

Кога таа нема никаква љубов, поддршка и емоционална стабилност, таа така си става во глава дека тоа е она што го заслужува. Ако имала партнер кој е емоционално нестабилен, непостојан и не ѝ дава љубов, тоа ја учи да се затвора во себе и на крај тоа станува нешто нормално за неа. 

Таа секогаш очекува разочарувања и едноставно не може да верува никому

Ако имала партнер кој бил емоционално отсутен и постојано ја отфрлал, таа едноставно се навикнува на тоа дека не може никому да верува. И секојпат кога некој ќе ѝ се доближи, таа чека партнерот да ја разочара. Дури и кога е најдобронамерен, таа не му верува поради минатите искуства. Таа се навикната дека нема никој кој би ја заштитил, па затоа мора таа самата да се заштити од сѐ и од сите. 

Таа секогаш се става себеси на последно место

Кога жената е емоционално запоставена, таа знае дека нејзините потреби и желби воопшто не се земаат предвид. Таа мисли дека нејзините желби се неважни, па затоа не ни бара нешто. Кога ќе добие дури и најмало внимание таа се радува како мало дете. Ова придонесува таа да биде тажна, депресивна и неисполнета, но кога ќе се обиде да направи нешто во врска со тоа и да направи нешто што ќе ја направи среќна, таа има грижа на совест дека е себична, затоа што не е навикната да се става себеси на прво место. 

Таа се плаши од неуспех

Таа постојано слушала дека не ја бива за ништо. Таа никогаш не слушнала добар збор, макар и само за трудот кој го вложила. Неуспехот е единствениот збор кој некогаш го искусила. И тоа е она што ја води низ животот, за жал. Што и да прави, таа секогаш се плаши дека нема да успее. Никој не ѝ кажал дека е океј понекогаш и да не успееш во нешто. Таа не знае дека сепак ѝ оди одлично, дури и кога ќе налета на пречка. Неуспехот секогаш ѝ е на ум и сѐ благодарение на нејзините претходни врски.

Таа мисли дека не е доволно вредна за љубов и внимание

Ова е најголемата емоционална лузна која ја носи на душата. Таа мисли дека е безвредна. Дека не заслужува љубов и дека нема право да побара љубов. Мисли дека е себично да побара внимание и дека треба да се задоволува со трошки. Таа никогаш не била осипана со љубов и никогаш никој не ѝ кажал колку е прекрасна. Таа постојано се сомнева во себеси и никогаш не може да избега од тоа. 

Денес, дури и кога ќе запознае некој фин и добар, таа не дозволува тој да ѝ се приближи. Но, сѐ уште не се откажала од себеси и никогаш нема да се откаже. Можеби ја имаат скршено, но тоа не значи дека нема повторно да застане на нозе. Потребно ѝ е време и поддршка и пак ќе си биде онаа старата!