5 (не толку очигледни)  причини зошто другите луѓе нè иритираат за сè и сешто

Дали некогаш имате чувство дека сите околу вас ве нервираат?

Photo by Icons8 Team on Unsplash

Тоа влијае на вашето расположение, продуктивност, а и често и на спиењето. Овие чувства најчесто се обидуваат да ни кажат нешто. Тие служат како предупредување дека имаме лутина или бес во себе, кои не секогаш се директно поврзани со нив.

Ова се неколку (не толку очигледни) причини зошто другите ве иритираат толку.

Консумирате премногу алкохол или кафе

Луѓето кои консумираат кафе, алкохол или пак други супстанци, го прават тоа за да се ослободат од стресот. Но, проблемот е што тие на долг рок создаваат уште поголем стрес и имаат негативен ефект на нашиот нервен систем. Тоа може да нè направи нервозни и да ни го упропасти расположението бидејќи алкохолот влијае на нивото на серотонин, а кафето е стимулант кој ако се земе во преголема доза, влијае на нервниот систем, така што нè прави иритирани и вознемирени. На тој начин, веројатно имаме и ниско ниво на толеранција кон другите луѓе и лесно се вознемируваме од нивните постапки.

Недостаток на квалитетен сон

Нашиот мозок лачи хемикалии кои прават да се чувствуваме добро, но само ако сите наши основни потреби се задоволени. Луѓето кои не спијат добро или пак недоволно, често се нервозни и потребно им е трпение за другите кога се истоштени.

Недоволна физичка активност

Редовното вежбање  е добро за намалување на стресот и анксиозноста, а кога не вежбаме редовно, тогаш лошото расположение се насобира во нас. Едноставна прошетка од 20 минути дневно е доволна за да го опушти нашиот ум и тело и да ја намали нашата вознемиреност околу другите луѓе.

Премногу луѓе околу вас

Ние не сме машини и потребно ни е да одмориме по долга и напорна активност. Затоа, ако цело време сте опкружени со други луѓе, тогаш можеби е време да направите мала пауза, да се фокусирате на себеси и да видите што ви е потребно.

Луѓето околу вас не се толку добри, колку што мислите

Често не забележуваме колку е токсична некоја личност, додека не е предоцна. Ако се забележите себеси дека лесно ве вознемирува однесувањето на луѓето околу вас, можеби треба да размислите какви луѓе имате околу себе. Веројатно, тоа е еден од начините на кои вашиот ум се обидува да ви каже дека треба да го ограничите времето со таа конкретна личност и можеби да побарате нови луѓе кои нема да ви носат толку стрес и негативно расположение.