4 знаци кои покажуваат дека новите пријатели се вистински пријатели

Имате нов пријател. Иако тоа се случува почесто, многу ретко успеваат новите пријателства, особено по дваесететите години кога сме изградена личност.

Ова се знаци кои покажуваат дека новото пријателство ќе потрае.

Брзо добивате одговор на пораките и поканите

Доколку постои брза комуникација во однос на пораките со кои ги известувате за новите нешта во вашиот живот, или пак релативно брзо добивате одговор за поканата за кафе, вечера или кино, постојат големи шанси таквото пријателство да успее. Тоа значи дека другата личност сака да минува време со вас и не калкулира кога ќе ви одговори, туку брзо одговара, тоа значи дека тоа е пријателство кое има потенцијал да се развива понатаму.

Правите напор да ги вклучите во својот распоред

Важно ви е да се видите со нив и на ним им е важно тоа, колку што ви е важно да ги видите и останатите луѓе кои ви се блиски. Ги следите случувањата во нивниот живот, и тие го прават истото на социјалните мрежи, но сакате да ги видите на кафе и да поминете време со нив.

Не зборувате само за работа

Иако можеби се запознавте преку работата, не зборувате само за работа, туку и за лични работи во вашиот живот. Зборувате за вашите омилени филмови, тв серии и други работи кои ви значат.

Не гледате во телефон додека сте со нив

Тоа значи дека тие не ви се досадни, туку дека уживате кога минувате време со нив.  Ако тоа се однесува и за нив, тоа значи дека ова пријателство има потенцијал да се развива понатаму, бидејќи едни на други си значите повеќе од известувањата на телефон, кои можете да ги видите и подоцна.