35 годишен скопјанец почина од коронавирусот, 14 починати во последните 24 часа

35 годишен скопјанец е помеѓу починатите, a вкупно 14 лица починаа во последните 24 часа. Оваа информација попладнево ја соопшти Министерството за здравство. 

Починати се 14 лица, пет пациенти од Скопје (35, 82, 62, 90 и 77 години), еден од Прилеп (54 години), еден од Тетово (88 години), еден од Струга (66години), еден пациент од Велес (78 години), еден од Битола (76), двајца пациенти од Струмица (63 и 68), еден од Радовиш (66) и еден пациент од Ресен на 83-годишна возраст, се вели во соопштението од Министерство за здравство. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 29558, бројката на оздравени пациенти е 19994, на починати е 977, а бројот на активни случаи изнесува 8587, додаваат тие.