По презентацијата на проектот за изградба на дел од прифатилиште за бездомни животни на територијата на Карпош, која минатата седница пред советниците ја образложија претставниците на здружението „Шепасти ентузијасти“, членовите на Советот на општина карпош на последната одржана седница одлучија да ја поддржат иницијативата.
Според иницијативата општина Карпош ќе донира 300.000 денари за реализација на оваа идеја.
- Имено, членовите на ова граѓанско здружение кое официјално е регистрирано во 2019 година, со планираните средства кои ќе ги добијат од Општината, ќе изградат дел од прифатилиште со 10 дополнителни боксови за згрижување на уште 50 животни, кое ќе функционира како центар за рехабилитација и хидротерапија, велат од локалната самоуправа на Карпош.