3 прашања кои треба да си ги поставите за да бидете посреќни

Одговорот на овие прашања може да ни помогне да ја најдеме својата среќа.

Photo by Jenny Ueberberg on Unsplash

Кои се работите и луѓето кои ме прават среќни?

Ова прашање е едноставно, но може да ви помогне да дојдете до важни одговори. Седнете и длабоко запрашајте се себеси, што е она што ви носи радост во животот. Кои се луѓето кои ви носат насмевка на лицето и покрај кои се чувствувате одлично? Запишете го тоа ако тоа е потребно. Тогаш, минувајте повеќе време околу овие нешта и луѓе. Од друга страна, ако некој или нешто не ви носи радост во животот, ограничете го тоа. Не е секогаш едноставно, но некогаш ни е потребно да размислиме добро и да одвоиме што ни носи радост, а што не.

Каков е мојот однос кон парите?

Нашиот однос кон парите влијае  на нашата среќа, без оглед на тоа колку заработуваме. Дали трошиме многу, а потоа на крајот на месецот се мачиме со грижи? Дали имаме јасна претстава со колкав буџет располагаме и така ги трошиме своите пари? Дали само се водиме од импулсот? Соодветното планирање, штедење, па и поставување цели може да ни помогне да имаме поголема контрола, а со тоа и да бидеме посреќни.

Какво е моето физичко и ментално здравје?

Каква е нашата енергија на дневно ниво? На што треба да поработиме во нашиот живот? Дали треба да обрнеме поголемо внимание на менталното или на физичкото здравје, или пак на двете? Што може да ни помогне во тоа? Дали имаме можности да се храниме поздрави, да се движиме повеќе и да бидеме физички активни?