29 пратеници ќе добиваат апанажа од 2.000 евра месечно цела година

Уште седуммина поранешни пратеници ќе добијат апанажа по завршениот пратенички мандат, некои ќе добијат и отпремнина при заминување во пензија.

Поранешните пратеници Арбен Зибери, Вјолца Адеми и Бедри Фазли од ДУИ, Снежана Калеска – Ванчева и Љатифе Шиковска од СДСМ, Енес Ибрахим од Партија за движење на Турците и Бастри Бајрами од „Беса“ ќе добијат апанажа утврди собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

Право на остварување на отпремнина при заминување во пензија добија поранешните пратеници Коле Чаракчиев, Стојан Миланов и Панчо Минов.

Комисијата претходно им го прифати барањето за апанажа на уште 29 поранешни пратеници. Законскиот рок за поднесување на барање за апанажа истекува на 28 јуни, односно 30 дена по верификација на мандатите на новите пратеници.

Апанажата е законско право пратениците да добиваат плата во следните 12 месеци по завршувањето на пратеничкиот мандат и истата ја исплаќа Собранието.

Просечната плата на пратеник е нешто над 100.000 денари без додатоците за работен стаж и за учество во собраниските тела.