Последните неофицијални информации велат дека во несреќата кај Велес се повредени 25 лица, меѓу кои и возачот, пренесува Курир.
Покрај со возила на брзата помош, повредените патници и со приватни возила биле превезувани во велешката болница и на Урегентиот центар во Скопје.
Меѓу повредените е и 6 годишно девојче.
Поради сообраќајната незгода автопатот е затворен и создадени се колони од возила.