18-годишник уапсен поради кокаин

18-годишник од Битола е уапсен поради поседување кокаин. 

- На 01.06.2022 во 09.40 часот полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода С.Д.(18) од Битола. При претрес во неговиот дом во Битола, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен кокаин. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.