150 возачи ја надминале дозволената брзина и добиле казни

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени контроли на територија на цела држава за санкционирање на возачи кои се движат со брзина поголема од дозволената. 

Во текот на вчерашниот ден (04.10.2022), санкционирани се 150 возачи. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволенота брзина. Притоа, 52 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 98 надвор од населено место.